Во животот има работи за кои вреди да се бориш, а ова е токму тоа време, ова е борбата на нашата генерација по која ќе се паметат одлучните, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од градскиот полоштад во Охрид, од каде што ВМРО-ДПМНЕ ја започна изборната камапања на Претседателсските избори 2019 година.

Оваа се избори на кои се одлучува за Македонија и нашата иднина, иднината на вашите семејства, ова е борба за правда, принципи и вредности. Ова е шанса за исправање на сите неправди сторени кон нашата земја, кон вас, кон вашите блиски. Ова е неповторлива шанса да се матира заевизмот кој го гуши секое парче слобода на овој простор. Овие избори ќе дадат одговор на прашањето ќе нè биде или не, како земја, како Македонија, а мора да нè биде, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека најголеми се оние победи кои се извојувани со мудрост, решителност.

Со едноставна одлука, да имаме победа над заевизмот со гласачко ливче, и таква решителност ни треба на 21 април и 5 мај каде со вашата одлука влијаете на иднината. Ве молам од срце, внимавајте нема простор ниту време за губење, ниту пак за продолжена надеж дека ќе направат било што добро. Да ги испратиме на темната страна на историјата.

Мицкоски рече дека со оваа власт ја губиме Македонија – било тоа да е името, идентитетот, македонизмот, уставот, економската стабилност, слободата… Секој ден од Македонија има сè помалку.

И нема повеќе простор за нови порази кои им ги носат на нашето општество, нема простор за нови поделби и конфликти. На поразите мора да ставиме крај. Чукна часот! Тие мислат дека се силни додека ги газат дебелите килими, а народот едвај врзува од први до први. И нека продолжат да мислат така, но ние сме побројни и посилни, ќе покажеме мудрост и храброст. Тие носат неправди, ние ќе ги поразиме за да донесме правда, тие се служат со невистини, ние ќе ја донесме вистината.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека СДСМ не работел за „правда или мир“, туку било за пари, за привилигии и за моќ.

До гуша е земјата во криминал и корупција. Велат ќе сме оделе напред. Каде ќе одиме напред со аболирани политичари. Денеска е први мај, денес е 1 април, но намерно ја направив оваа грешка. Зашто мислев дека се шегуваат оние од судот кога рекоа дека она што сме го виделе не сме го виделе, човекот бил невин. Никој не им верува. Единствено каде одиме напред се листите каде се мери корупцијата и криминалот, е таму сме први. Нема ден да нема афера, а корупцијата го јаде секое здраво ткиво. И цело ова време сакаат да го скршат духот на народот, да го уништат карактерот на Македонецот, потребна им е таа рамнодушност која сакаат да ја наметнат, за да можат полесно да владеат, за да им поминува овој колективен грабеж неприметно, за да може да се богатат додека народот се занимава со оние приказни во кои и самите не веруваат.

Мискоски потсети дека и слоганот во кампањата на Стево Пендаровски, „Одиме напред“ е ископиран од друга кампања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.