Владината одлука да се поништи лустрацијата и да се обесштетат лустрираните за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е доказ дека СДСМ само го продолжува на дело она што е запишано во неговиот статут, а тоа е дека е продолжувач на Комунистичката партија на Македонија.

Македонија имаше храброст да се соочи со темните страни на своето минато, како што направија поголем дел од државите на источниот блок. Сметам дека тој процес беше потребен, беше праведен. Многу наши дедовци, прадедовци, основачи на ВМРО настрадаа во тие години, но и други интелектуалци и сметам дека најмала сатисфакција за тие луѓе беше да знаат кој ги кодошел и за што ги кодошел. Застанувањето на СДСМ во заштита на кодошите во почетокот на 2020 година, на повеќе од 30 години од падот на комунизмот, само потврдува дека СДСМ вредно, секојдневно си ја заработува титулата што ја има во статутот – директен наследник на Сојузот на комунисти на Македонија, и тоа на најтемните страни. И во тој Сојуз на комунисти на Македонија имаше чесни луѓе кои не потпишаа со Бугарија да имаме заедничка историја или не потпишаа со Грција оваа земја да се вика Северна Македонија, рече Николоски и додаде дека СДСМ се покажа како најдостоен продолжувач на најтемните страни на Сојузот на комунистите и колишевизмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.