Пред еден месец наидов на оглас во кој се вели дека за потребите на владата ќе се купат 5 џипа мерцедес од цена 1,5 милион евра, дали е вистина не знам меѓутоа оглас видов. Се плаќат пари на општините кој се нели во долгови се купува ауди А6, А8 , има огромен број на места каде што може да се скрати а да не се осети ништо. Тоа е голем промашај, кажа проф. д-р Зоран Гучев на Дневникот на Сител.

Требаше да се даде секое средство да вакцини се добијат и требаше на оваа земја, на овие граѓани на нас сите да ни се даде чувство на достоинство во кој можеме да кажеме со дигната глава да јас Македонец, јас граѓанин на оваа земја се гордеам со начинот и со паметта на овие што мене ме водат да обезбедам она што треба да обезбедам, појасни Гучев.

Потенцираше дека со неспособноста власта навремено да набави вакцини економијата страда додека континуирано се зголемува бројот на починати.

Не ќе ли беше гордост моја и ваша да на Tабановце наместо Вучиќ да му предаде вакцини на Заев, Заев му предаде на Вучиќ. Не беше ова срам, благодариме на Србија ама требаше обратно да биде. Требаше да докажеме да ние знаеме, да ние предвидовме и да ние разбираме дека вложувањето во вакцините ќе донесе до поголем профит ако зборуваме за пари и до помалку умирања. Овака економијата страда гробиштата се шират, додаде Гучев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.