Земјава потешко се справува со пандемијава, кај нас процентот на починати е 3 отсто од бројот на заразени со ковид-19, а на светско ниво смртноста е 2 отсто, вели д-р Танер Хасан од ГОБ „8 Септември“ во „Студио 10“ на ТВ24.

Причина е и културата и дисциплината на нашиот народ, не се придржуваме на препораките, но и со вакцините касниме. Не знам како ќе се одвиваат понатаму работите. 20 години работам во струкава. Нашата болница е една од првите што се справува само со оваа проблематика, 90% од нашето време го посветуваме на Ковид пациенти. Кај нас бројката не се намалува, секој ден има голем број на Ковид пациенти. Околу 100 пациенти имаме во просек, кај потешките пациенти има пад на сатурација, тоа е најчест проблем, компликација. Вирусот се уште има непознаници, дури и во текот на терапијата се менуваат пристапите кон пациентот и кон болеста. Некои работи кои порано ги дававме како терапија, сега се откажуваме од нив. И по една година се уште е многу проблематично, постојано учиме, и ние што не сме инфектолози работиме на оваа проблематика. До сега имаме голем напредок, вели д-р Хасан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.