Ја следиме будно состојбата околу развојот на новиот делта сој на коронавирусот и во овој момент не гледаме потреба од воведување на рестриктивни мерки, вели за „Трилинг“ директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ, која е и дел од Комисијата за заразни болести.

Дали ќе има четврти бран на пандемијата ќе зависи од тоа како ќе поминеме во овој период на летни одмори каде што е зголемена фрекфенцијата на граѓани кои влегуваат и излегуваат од државата. Во овој момент се уште сме далеку од прогласување на крај на пандемијата, вели директорката.

Оценува дека во моментов нема потреба од воведување на брзи пцр тестови на граничните премини и дека клиниката за Инфективни болести е подготвена за евентуален нов бран од делта сојот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.