Проф. д-р Аспазија Софијанова, шефица на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести во Скопје  во вечерашното издание на дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за тоа кои маски најдобро штитат од коронавирусот.

Најдобри маски се Н95, но сите маски штитат, вели Софијанова, објаснувајќи дека со овие маски се прочистува воздухот.

Таа смета дека државата треба да се потруди на населението да обезбеди маски, особено од типот Н95, зошто не секој може да си ги дозволи.

Докторката потенцираше дека таканаречените хируршки маски, се за еднократна употреба не смеат да ги носат повеќе пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.