Д-р Аспазија Софијанова најверојатно ќе биде новата директорка на Клиниката за детски болести, а од директорската функција ќе биде разрешен д-р Ангелчо Андоновски, кој го води Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, објави „Фактор“.

Како што неофицијално дознава „Фактор“ веќе им е соопшттено дека се разрешени од функциите директори, д-р Наташа Алуловска од Клиниката за детски болести во Скопје, Жан Зимбаков од Клиниката за кардиологија, како и диркторот на Институтот за белодробни заболувања „Козле“, д-р Ангелчо Андоновски.

Неофицијално, на местото на Алуловска повторно ќе дојде, д-р Софијанова, која и порано ја извршуваше оваа функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.