Македонската докторка Пепита Таневска, повеќе од 15 години живее и работи во Словенија и на фејсбук ги коментира состојбите во Македонија и Словенија околу ситуацијата со ковид-19. Според неа, епидемиолошката состојба во Македонија во моментот не е поволна и таа смета дека споредбите со Словенија се несоодветни.

Почитувани пријатели, драги луѓе, познати и непознати… Македонија има во моментов лоша епидемиолошка слика за Covid 19… скоро сите држави кои полека се отвораат и ги либерализираат мерките, го прават тоа многу внимателно и врз основа на стручни анализи од страна на здравствените работници… државата Словенија во која моментално живеам и покрај најповолна епидемиолошка слика во Европа мошне внимателно се отвора… ние навистина немавме полициски час, но немаше ни потреба… најголемиот дел од луѓето стриктно ги почитуваа препораките а и сега го прават истото… насекаде во затворени простории носиме маски, автобусите се како аптеки, чисти, полупразни, означени каде може да се седи, шоферите и патниците со маски, во аптеките, банките, маркетите и другите затворени простории има ред, никако гужви, маски задолжителни… Луѓето се главно многу внимателни и одговорни… и затоа има успех… покажете барем сега висока колективна свест и грижа и помогнете во што побрзо решавање на проблемот… од сите вас зависи… никогаш не било полесно да се спаси државата од сега… носете маски во затворен простор, држете дистанца и мијте ги често рацете… се работи за здравјето и доброто на сите, пишува д-р Таневска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.