Доктор Никола Пановски гостуваше во отвореното студио на ТВ 24 каде истакна дека укинување на полициски час на цела територија е признавање на пораз и смета дека треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жаришта.

-За мене е неочекувано од медицински аспект,и не гледам зошто сега би се олабавиле мерките кога бројот на активни случаи расте, така што меркиве немаат оправдание од тој аспект. Друго е да паѓаат па да се очекува.

-Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Границите незнам за кого би се отвориле, први јуни е многу рано и дека никој нема да не прими на 1 јуни да одиме. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се укине полицискиот час.

-Мислам дека младите кои 3 месеци се затворени ќе почнат да се собираат, да се враќаат во 5 сабајле и што ќе се случи таму кога ќе пијат од исто шише кога ќе иста марихуана или цигара итн. Ако има некој позитивен кај нив ќе ги донесат симптомите дома кај родителите или кај бабите и дедовците, тоа е оној страв кај мене.

-Освен непочитувањето на мерките, престана и транспарентноста на министерството да соопштува каде се ширела болеста. Мерките требаше да се преземат кога почнаа да растат бројките точно на оние места каде имаше непочитување и со драконски казни.

-Сарај сега не е ништо подобар од Дебар кога го ставија во карантин. Никој не ни помислува, ниту градоначалникот на Сарај е загрижен, ниту граѓаните се нешто загрижени. Они со 35.000 жители имаат 50 активни случаи тоа по некоја формула имаат најмалку 500 активни случаи.

-Кога ќе споредите со општина Центар или Карпош се добива дека во таа општина има 10-тина пати повеќе новозаболени отколку во Центар и Карпош. Треба да се преземат мерки во Сарај, Чаир и Аеродром каде има жаришта. Укинување на полициски час на цела територија е признавање на пораз, смета Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.