Јас направив пресметка дека Северна и Јужна Америка и Европа имаат 1.060 смртни случаи на милион, останатиот свет има 88 и тоа Азија и Африка и Австралија само 35. Македонија има пет пати поголема смртност од просекот во светот, рече микробиологот проф. д-р Никола Пановски во вечерашната „Што не е јасно“ на Алфа.

Според Пановски некое секое патување е опасно и непотребно.

Овие што се вратија од Занзибар се заразиле по пат. Занзибар нема случаи, има 509 лсучаи од почеток на пандемија и 20 смртни случаи, рече Пановски.

Говорејќи за пописот Пановски посочи дека истиот требаше да се одложи за мај.

Зошто затоа што е потопло, може да се седи во двор на тераса и сите попишувачи да бидат вакцинирани, вели Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.