Сè уште има голем ризик од заразата и не треба да се брза со одлуката за враќање на работа, изјави за „Фокус“ проф. д-р Никола Пановски.

Според него, намалениот број на заразени со Ковид-19 не значи дека треба да се опуштиме и веднаш да се вратиме на работните места доколку професијата дозволува работа од дома.

Владата пред два дена побара административците кои со месеци работеа од дома, или ротираа во смени и со паузи, од 1 февруари да се вратат на работа.

Не сум многу запознаен со овој предлог, но она што можам да го кажам во моментот е да не се избрзува со вакви одлуки туку пожелно е да се почека пролетта кога просториите ќе може повеќе да се проветруваат и секако да пристигне вакцината и да почнеме со процесот на имунизација, порачува Пановски.

Според него залудни би биле досегашните напори во однос на мерките ако сега целосно се препуштиме на олабавување.

Комисијата за заразни болести денеска или утре ќе има состанок на кој треба да се реши дали некоја категорија работници треба да биде изземена од одлуката на Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.