Микробиологот Никола Пановски во емисија на Телевизија 24 обвини за „воено профитерство“ на приватните болници.

Пановски смета дека во кризна состојба, државата не смеела да дозволи приватните болници да профитираат на грбот на граѓаните, туки сите заеднички да работат под фондот за здравство.

Тој вели дека борбата против епидемија не може да се води со средства на граѓаните.

Веројатно има некој интерес за тоа да се дозволи. Не знам зошто би се дозволило инаку медицинските лица да работат со опасност, да викате дека тоа е нивна работа. Нивна работа е за лична болест на некој човек кога се лекува, да изберекај се лекува. Ова е епидемија, пандемија, ова е општа работа, значи не може да се дозволи на некој да работи со тие цени во време на пандемија – кажа Пановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.