Филипче вели намалување на бројот на нови носители на коронавирус, но статистиката вели и зголемување на бројот на заболени, вели доктор Игор Николов од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека за два дена во Србија беа направени над 10 илјади тестови за корона, во Македонија тој број за два дена е само 400.

Колку за илустрација вчерашната статистика говори дека се направени 332 тестирања, а бројката на заболени е 33. Тоа е 10 проценти од вкупната бројка на тестирани. Хрватска, Словенија речиси и не бележат нови случаи на дневна основа. Она што исто така загрижува е и бројката на новозаболени здравствени лица, поточно медицински персонал.
Многу е јасно како може да се стави ситуацијата под контрола, процесот за тоа е јасен – потребно е да се зголеми бројот на тестирања! Само така ќе знаеме како понатаму. Само така ќе знаеме како понатаму, вели Николов.

Додаде дека сите соседни земји го зголемуваат бројот на дневно направени тестови, ги тестираат ризичните групи.

Внимавајте, кај нас ова е само во фаза на најава?!
Како без ова мислат да прават стратегија за тоа како понатаму!?
Без системски пристап, без вистинско и планско тестирање, тука мислам и на лица од ризичините групи, нема да може да имаме вистински информации за состојбата со епидемијата во земјата.
Без ваков пристап тешко е да се направи соодветна стратегија за тоа како понатаму. Без ваков пристап нема ни соодветна здравствена политика, вели Николов.

Според него, потребен е итен и темелен скрининг.

Едноставно, ситуацијата кај нас не е под контрола. И е најмалку розева. Здравствените лица не треба да и служат на политиката, и не треба да ја разубавуваат грдата реалност поради политички интереси. Здравствените лица треба да служат на здравјето на граѓаните. Токму затоа потребно е да се зголеми бројот на тестови кои се изведуваат дневна основа. Само така ќе знаеме како понатаму, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.