Д-р Николов: Се плашам дека ќе немаме болничари, техничари, медицински сестри

Македонија 21.02.2023 / 8:34

Здравствениот персонал не е факторот кој што влијае во тоа дали ги има лековите. Пациентите што не можат да добијат лек, а не го добиваат заради системот, нервозата ја исфрлаат на нас. Заради тоа што Фондот не може да се договори со министерството за здравство и пишуваат писма еден на друг, овој му одговорил, овој не му одговорил, целата нервоза од таа ситуација не ја чувствуваат во институциите таму, туку ја чувствуваме ние со пациентите што сме. Треба да разберат дека човечките судбини не се бројка и не се хартија, и не се правен документ“, истакна доктор Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Николов додаде дека потребно е да се смени функционирањето на Фондот и министерството за здравство, бидејќи граѓаните и здравствениот персонал страдаат поради нив.

„Немојте да заборавите позитивната листа не е корегирана последните пет години и плус претходно што не беше корегирана четири години или пет. Значи десет години ние имаме застарена позитивна листа“, потсети Николов.

Тој посочи дека во позитивната листа треба да се внесат лекови коишто ќе бидат поскапи. Со одлив на персоналот одат и процедурите во приватното здравство. За приватното здравство треба Фондот да плаќа, а за лековите да се стават на позитивна листа помодерни и поскапи исто така средства се губат. И за една држава доколку не развие стратегија здравствена, ова е несносливо, здравствениот систем многу тешко може да го издржи.

„Мора да има сериозно планирање. А, тоа не може да биде со пишување писма и да чекаме одговор. Доколку не се седне да се разговара и не се седне да се направи план, стратегија помеѓу министерството за здравство и Фондот за здравство нас работава тешко ни стои, а најмногу им е тешко на пациентите“, заклучи тој.

Тој укажа дека недоволно информации создава аномалии во системот.

„Јас се плашам дека ќе немаме болничари, ќе немаме техничари, ќе немаме среден персонал, ќе немаме медицински сестри. Не е работата дека ние го имаме докторот, здравството е систем, доколку вие немате медицинска сестра која што ќе ја погоди вената, која што ќе ја одржува раната како што треба, која што ќе ја направи преврската како што треба, вие не сте комплетен лекар односно здравствен работник. Здравството не е еден човек. Ако немате болничар кој што е обучен да ја одржува хигиената на пациентот, исто така ќе имате проблем. Не се потценува никој од овој систем на врзани садови во здравството. Ниту некој треба да се надцени, а никако некој да се потцени. Заради тоа што здравството е практично еден систем“, нагласи Николов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести