Здружението на лекари специјализанти  утре организира панел дискусија на тема „Иднината сега“. Настан за кој здравтсвената фела е согласна дека треба да има дискусии на оваа тема пред се поради се поголмеиот одлив на медицински персонал надвор од земјава.

Но, забелешката е дека на истиот ќе може да се слушнат само едни мислења или поканети се лекари кои се или биле на функции само во период кога на власт е СДСМ.

Меѓу нив се министерот Беким Сали, поарнешниот министер за здравство Венко Филипче и слично.

На панел дискусијата ќе се говори за план и стратегија за задржување на младите лекари во земјата. Учесниците ќе имаат шанса да поставуваат прашања до панелистите, со цел да се слушне гласот на младиот лекар“, соопштуваат од Здружението.

Но, од лекарската фела има и рекации дека „се селектираат младите доктори и на панел дискусија не им дозволија присуство на сите заинтересирани доктори на трибината на тема“.

Според нив, панелистите како премиерот Димитар Ковачевски, Актуелниот министер Сали, и поранешниот Филипче не го реализраа ветеното на лекарите. Или според нив оваа гарнитура “им дава празни ветувања и ги манипулира младите специјализанти“. Тука ги спомнуваат примерите како оној со нерешениот проблем и даденото ветување за дежурствата на оваа категорија доктори.

Тие додаваат дека „изминатиот период од неколку месеци речиси и да нема вработено доктор воопшто во јавното здравство“ и прашуваат „дали е точно дека за овој период согласно информациите од здравствените установи има вработено околу 300 лица во јавното здравство и колку од нив се доктори, a колку администрација?“

„Повеќе од јасно е зошто на секој млад доктор не му беше дозволено да присуствува на таканаречената панел дискусија, одговорот е за да не им бидат поставени прашања чии одговори на младите доктори им се добро познати“, заклучува дел од здравствената фела.

Во врска со панелот реагираше и доктор Игор Николов. Тој на социјалните мрежи напиша:

Само селектирани лекари специјализанти ќе биделе на панел дискусијата. Да не праша или каже некој нешто што не треба… Среќна Нова 49“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.