Доктор Игор Николов, од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта не убедуваше дека ситуацијата е под контрола, но по бројката на починати и заразени кои нис е случуваат гледаме дека ситуацијата не е под контрола.

– Ние баравме да се направи таканаречен Бел план и сега веќе не е контролирано каде и како се шири вирусот. Потоа не убедуваа се е под контрола, еве ситуацијата покажува колку се е под контрола, едноставно системот не е организиран – истакна доктор Николов во вчерашната емисија „Јади Бурек“ кај Јанко Илковски.

Тој појасни дека кога нема системска организација и кога  не се следат правилата на експертите и науката и кога не се спроведуваат, доаѓа до оваа ситуација во која сме. Може да кажеме дека се шири вирусот секаде, но секојдневието потврдува дека тука е нешто различно од другите држави.

– Дебар на стартот на епидемијата се стави во карантин со вистински мерки и вистинска екипа се успеа да се излоира тој кластер. И тоа беше еден пример како треба. Тоа се бараше и за во Куманово, бараше и градоначаникот молеше, но го исмеваа. Се покажа дека се беше прашање на пиар алатки со кои се претера. Полицискиот час даде резултат, падна ширење на вирусот,но решија дека се оди на избори и делење на пакети со наводна помош на населението –  рече доктор Игор Николов.

Според него по изборите кога се собираа луѓето, работеа дискотеки и имаше големо раздвижување на помладите без никакви забрани, се дошло до ситуација во која сега се наоѓа земјава, без контрола со најголем процент на смртност во регионот.

Недисциплината и немањето мерки го дава овој резултат на енормни бројки на заболени и починати, рече Николов. Тој укажа на примерот на Франција, во справување со пандемијата каде како што рече мерките дадоа резултат.

– На пример во Франција имаше полукарантин, луѓето одеа на работа и работеа се водеше грижа за економијата, сега ги олабавуваат мерките, ама постигната е целта. Целта им беше да го намалат индексот на ширење на вирусот или имаа П индекс 1,6 и стигнаа до 0,65. И сега се олабавуваат мерките. Тоа им беше плански,целта ја постигнаа на здравствен план, а сега  бидејќи доаѓа Божиќ и тоа им е многу важно за нивната економија, истата ќе се раздвижи. Или го симнаа индексот на ширење и сега се подготвени за божиќните празници – појасни Николов.

Според Николов во земјава нема мерки и додаде „власта само зборува дека бара кревети и лимитира работа на кафулиња и рестораните, но се изнајмуваат станови, куќи, се нарачува кетеринг за двесте луѓе, а никој не води контрола, затоа се потребни вистински мерки и да се контролира дали тие навистина се спроведуваат“.

– Пикот што го имавме во април, потоа имавме раст во јуни кога делеа наводна социјална помош и сега во октомври кривата оди уште погоре, а здравствениот систем не одмори воопшто, а при тоа и индексот на ширење никогаш не се намали – потенцираше доктор Николов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.