Последните неколку дена во благ пораст е бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево, при што пред три дена Општината беше лидер по бројот на нови случаи на болеста во земјава. Таа бројка на новозаболени се повторува и денеска, кога во Кичево се регистрирани четворица позитивни од 14 тестирани граѓани-потврди за МИА доктор Неџат Балажи.

По неколкудневна стагнација, бројот на новозаболени од Ковид-19 во Кичево е во благ пораст. Така, денеска од 14 тестирани граѓани четворица се позитивни и од 10 лица кои се снимија на ренген кај три лица наодот е позитивен.

Во градот е појавен кластер во едно семејство, каде бројот на новозаболени е причина за овие показатели. Граѓаните премногу несериозно ги прифаќаат апелите од Владата, да се придржуваат на мерките да не се групираат и во затворен простор задолжително да носат маски, вели Балажи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.