Додека во земјите од регионот се говори за опоравување од корона-кризата, или за економија, отворање на границите, на Македонија и се случува катастрофа, вели д-р Горан Манојлоски, кој на денешната прес-конференција предупреди дека со бројките на новозаболени Македонија оди кон нов пик за кој се говореше дека ќе се случува есенва.

Несомнено големиот број на новоинфицирани со коронавирус и бројката на починати се последица на несоодветното постапување на надлежните и власта.
Владеачката СДСМ во оваа ситуација треба малку и да се рафинира. Партијата станува носител на коронавирусот во државата.
Пола раководството на владеачката СДСМ е инфицирано со коронавирус, а партискиот лидер Заев зборува за избори и тера кампања.Во целата оваа катастрофална ситуација, ситуација на втор пик во Македонија, Заев објавува фотографии од кампањата на неговите луѓе, објавува фотографии од Лукаревска, Зекири, Манчевски и слично, рече доктор Манојлоски.

Предупреди дека со идејата на Заев да се оди на избори само дополнително ќе се загрози здравјето на граѓаните.

Организирањето на избори во ваква ситуација со толку многу заболени со корона вирус претставува масовно самоубиство.
Заев и власта предводена од СДСМ мора да разберат дека политиката треба да е на страна, и дека треба да се погрижат за здравјето на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ останува на своето – здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Политиката да ја ставиме на страна. Воедно да им порачам на сите македонски граѓани бидејќи државата не се справи соодветно со пандемијава, чувајте си го вашето здравје, одржувајте соодветна дистанца, носете заштитни маски и ракавици, секаде каде што е препорачано, редовно мијте ги и дезинфицирајте ги вашите раце, одржувајте лична хигиена бидејќи корона вирусот не прпеознава нација, партија и етничка припадност, порача доктор Манојлоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.