Д-р Ненад Лазаров смета дека треба да има еднонеделна изолација за сите оние кои се враќаат од државите во кои веќе е потврден овој сој на вирусот.

Д-р Лазаров, во ијава за „МКД.мк“ вели дека треба да бидат забранети свадбите во затворен простор, затоа што  само еден заразен со делта сојот на свадба може да ги зарази сите кои не се вакцинирани.

Многу порано требаше да се реагира со тестовите и влезот на нашите државјани од надвор, сега сметам дека е веќе доцна, бидејќи делта сојот веќе дојде и кај нас. Ако има четири потврдени, којзнае колку има непотврдени случаи на овој сој којшто во затворено буквално се пренесува со ракување и за помалку од минута контакт со заразено лице.

 

Овде кај нас, дијаспората е масовно дојдена и за жал овој пат заедно со парите, ни донесоа и нов сој на вирус. Огромна бројка на наши државјани има и во Германија и сметам дека мора да има еднонеделна изолација за сите кои влегуваат во државава. За пандемијата од Ковид-19 има мерки за спречување и мерки за ограничување. Оние за спречување се веќе задоцнети, а сега ни следат мерките за ограничување кои треба да спречат поголема катастрофа – вели д-р Лазаров.

Тој апелира сите, дури и оние кои се вакцинирани, да бидат внимателни, бидејќи делта сојот е за 60 до 70 отсто со поголема инфективност за разлика од британскиот сој, а не, пак, со онаа првата варијанта каде што за да се заштитиме беше доволна заштитна маска и растојание од два метра.

За тоа која од вакцините штити од тешка клиничка слика, д-р Лазаров вели дека од тешка клиничка слика штитат сите вакцини освен кинеските, особено не вакцината на „Синовак“.

Повеќе на „МКД.мк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.