Во Струмица денеска се тестирани многу малку пациенти, се бројат на прстите од една рака, алармираше доктор Гоце Христов од струмичката болница. Тој додаде и дека во болницата недостасуваат и заштитни маски и ракавици, но и персонал.

Нови 29 пациенти! Прашањето е на колку тестирани е овој број…Во Струмица денеска се тестирани многу малку пациенти (се бројат на прстите од една рака). Дали овој сооднос треба да биде репер за пореструктивни мерки? Секако дека да. Дајте превземете најстроги метки се дури уште може да ја контролираме состојбата. Паралелно здравствените работници немаат никаква заштита, кубуриме само со неколку ракавици и по 1-2 маски за цел работен ден. Во мојата болница сосипани сме и со персонал, има само 4 интернисти! Дел од специјализираните одбиваат испомош во матичните центри, иако имаат прекин на семестралните задачи и активности, а се наоѓаме во вонредна состојба. Каде нè води сето тоа? Мислам дека одговорот за сите е извесен! Издавајте наредби, нашата свест не одовара на апели!, порача докторот преку „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.