Мора да се адаптираме дека не може да се направи комплетно олабавување на мерките и сте треба да сфатат дека се уште се справуваме со пандемијата на ковид 19, но факт е и дека е контраверзна одлуката да се дозволат свадби, но и во исто време на сила да остане полицискиот час. Од друга страна добро се одвива масовната вакцинација, вели заменик-министерот за здравство Илир Хасани во вестите на Сител.

-Ние се нагаѓаме во официјална пандемија и самиот факт дека имам полициски час ќе спречи групирање, со самото тоа и свадбите нема да продолжат до доцните часови. Им посакувам на младенците да уживаат во свадбите, но навистина сакам да апелирам дека на свадбите е дозволено само 100 гости  да присуствуваат и не треба сите да се гушкаат и да се придонесува за поголемо ширење на вирусот, вели Хасани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.