Клиниката за пулмологија изработи и протокол за дозирање и употреба на Ивермектинот во Македонија. Директорот на оваа клиника, доктор Дејан Докиќ, за „Слободен печат“ објаснува дека опсервациски, од она што може да го види кај пациентите, но и кај негови блиски од непосредното опкружување. Ивермектинот има ефект.

– Ивермектинот има механизам врз основа на кој делува. Тој спречува навлегување на протеини од вирусот САРС- Ков-2 во јадрото. Јадрото е како сеф, не може секој да влезе. Клетката се брани така што лачи интерферони. Интерферонот поттикнува антивирусни процеси во нападнатата клетка, излегува од неа, оди кај соседните клетки и им сигнализира дека има вирус и да ја спремат антивирусната одбрана. Но, што прави коронавирусот и во што е неговата непредвидливост? Преку еден импортин кој го користи како канал, влегува внатре во јадрото и го блокира антивирусниот механизам на заштита. Но, докажано е дека Ивермектинот ги уништува тие транспортни молекули и протеините од вирусот не можат да влезат внатре!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.