Пандемијата, всушност, ќе има два краја. Едниот социјален, другиот епидемиолошки.
Граѓаните се на крајот на своите сили секаде во светот. Многумина од нив ќе реагираат со резигнација и со одлука да ги олабават или напуштат личните мерки за заштита порано, и покрај постоењето на реални ризици за заразување. И ќе почнат да се однесуваат како да е сѐ нормално. А нема да биде… Оној другиот, епидемиолошкиот крај ќе настапи тогаш кога бројот на нови случаи ќе се намали до ниво на спорадично јавување. Колку социјалниот крај настапи порано, толку епидемиолошкиот ќе настапи подоцна, вели проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог во интервју за Педијатар.мк.

Во интевјуто тој вели дека со вакцината дефинитивно ќе се совлада пандемијата и кај нас и во светот. Кај некои побрзо, кај некои малку подоцна. Ние ќе бидеме во таа втората категорија. Но, веќе сѐ е прашање на време. И прашање на трпение. Од психолошка гледна точка, секогаш е најтешко кога се наѕира крајот, но тој никако да дојде. Пандемијата, всушност, ќе има два краја потенцира докторот во интервјуто. Едниот социјален, другиот епидемиолошки. Граѓаните се на крајот на своите сили секадево светот.

Многу е важно граѓаните да покажат уште малку разбирање и трпение, да не се опуштаат предвреме, за и социјалниот и епидемиолошкиот крај да настапат што поблизу еден до друг. Наскоро пандемијата ќе заврши, да се надеваме дека свеетот ќе извелеч поука за некој следен предизвик. За жал, по цена на несогледливи социјални и економски последици, вели Даниловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.