Кластерот избори почнува да ги дава првите изборни бројки на заразени со коронавирус. Предизборните собири и постизборните прослави ќе ни се удрат од глава, вели во интервју за ТВ 24 епидемиологот, Драган Даниловски.

Според него, единствено носењето на маска од страна на сите може да помогне во стопирање на кризата со коронавирус. Целосен карантин според него не доаѓа во предвид, но ноќен полициски час мора да се воведе, поради неоговорноста на младите.

Даниловски смета дека градинките може да се отворат, но само и доколку граѓаните строго се придржуваат до меркита за заштита. Тој ги повика и градоначалниците преку своите општини воведат редари кои ќе се грижат за контрола врз придржување на мерките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.