Масовна вакцинацијата е единствен спас од новата мутација, индискиот сој на коронавирус, познат како Делта, кој многу брзо може да дојде и да се рашири и кај нас, вели проф. д-р Драган Даниловски во гостување на 24ТВ.

Младите се најголем ризик фактор од пренесување и тие треба да се вакцинираат бидејќи преку дружење може да го шират вирусот кој е многу позаразен и тешко се распознава зашто личи на потешка настинка. Учебната година мора да започне навреме, со сите протоколи за децата настава со физичко присуство за да се искористи топлото време бидејќи не знаеме што нè чека од октомври, вели професорот Даниловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.