Ситуацијата со корона вирусот целосно излезе од  контрола.Mинистерството за здравство, Комисијата за заразни болести и надлежните институции  засега немаат решение за неконтролираното влошување на состојбата.

Но, затоа знаат со голема леснотија да го менуваат бројот, односно да го зголемуваат бројот на новозаболени во едно деноноќие, смета Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според него, нема да изненади ниту ако се потврдат шпекулации дека власта ги крие бројките на новозаболени, истите ги дозира, а целта е таа – да не се остави впечаток дека нема услови ниту на 5 јули да се одржат избори. Со тоа, вели ќе се исполнат инструкциите да се креира лабава атмосфера на новото нормално.

Ова е поигрување со здравјето на граѓаните! Срамен чекор на власта! Сведоци сме на влошување на сите параметри кои не водат кон епидемиолошка катастрофа со несогледиви последици.Ваквите бројки не искачија на врвот, ама на оној каде се бројат заболените и починатите од КОВИД 19 вирусот!За  жал, неколку дена имаме најмногу заболени и починати од Kовид 19 на милион жители од сите држави во најблиското опкружување!Додека земјите од регионот веќе подолг период, неколку седмици, немаат заболени, или имаат по еден-двајца, ние сигурно се движиме кон пикот со двоцифрени бројки на новоинфицирани во едно деноноќие. Во последните два дена Македонија има повеќе новозаболени колку што имаат сите држави од опкружувањето заедно.

И на сето ова, во јавноста  излегуваат неодговорни политичари  и не убедуваат дека  ситуацијата се стабилизира  и вирусот слабее, и дека сега е моментот кога треба да  одиме на избори!

Тоа се опасни и крајно несериозни тези кои за кратко време можат да не доведат во многу тешка ситуација каква што гледавме во некои европски држави!

Дали надлежните институции ја чувствуваа  загриженоста на граѓаните,  бизнисмените, студенетите, учениците, оние кои три месеци претходно беа во првите редови во борба со пандемијата.

Очигледно  е дека Комисијата за заразни болести, наместо да работи и делува независно и стручно, работи по диктат на политичарите носејќи мерки и одлуки кои се менуваат на дневна основа и предизвикуваат несигурност кај граѓаните.

Свестете се! За здравјето на граѓаните станува збор!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.