Оваа пандемија ги извади од под тепих сите заборавени проблеми во нашиот здравствен систем, вели д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Според неа, на почетокот на ковид-кризата, тие се соочиле со само 30 епидемиолози, кои морале да бидат столбот.

Еден епидемиолог не се создава преку ноќ. Специјализацијата трае 3,4,5 години, но и тоа не значи дека тој е спремен да влезе во жарот на ваква пандемија. Таа ни ги покажа сите дупки на системот. Влеговме со многу малку микробиолози, а тие мораа да излезат на терен. Да не зборувам за инфектолозите, информира Бухова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.