Менталитетот на народот не го научивме. Балканецот е тврдоглав. Кога нешто ќе му забраните, за инает го прави, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, говорејќи за тоа зошто граѓаните не се поттикнуваат на вакцинација.

Според него, ние продолжуваме со забрани да направиме нешто за да ги поттикнеме и всушност се добива контра ефект.

-Врие од лажни сертификати. Никој не ги проверува. Сега секаде е полно. Но од друга страна, таквите сертификати веќе немаат медицинско влијание, затоа што и вакцинираните можат да се заразат. Таа мерка веќе не е оправдана, потенцира д-р Беќаровски, во емисијата „Само вистина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.