Сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија, потенцира д-р Нико Беќаровски, прашувајќи – зошто тогаш се крева толкава прашина и се влева страв?

Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4.000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома. Каде е тогаш проблемот? Ако просечното траење на Ковид-19 е околу 10 дена, тоа значи дека секој ден во подолг временски период би имале околу 40.000 активни случаи, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и голем број на отсутни работници од своите работни места. Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот е големата паника која владее во ЕУ и САД, од омикрон-чето.
Човекот во западната цивилизација, оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит, порачува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.