На одлуката на Филипче хронично болните да се вратат на работа реагира и докторот Нико Беќаровски од Токсикологија кој на својот фејбук профил пишува како да им објасни на својот колега кој има три стента, дијабет, ХОББ и други заболувања дека од утре може безбедно да доаѓа на работа со автобус.

-Како да му објаснам на мојот колега медицински техничар кој има три стента, дијабет, ХОББ и други заболувања дека од утре ќе може безбедно да доаѓа секое утро на работа со автобус и ќе може да ги боцка пациентите со 40 температура, а мојата драга медицинска сестра млада и потполно здрава треба да седи дома до крајот на годината, прашање доктор Беќаровски од Токсикологија по предлогот на Комисијата за заразни болести – хронично болните и лицата со малигни заболувања да се вратат на работа, пишува доктор Беќаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.