Проф. д-р. Нико Беќаровски, интернист-токсиколог смета дека појавата на британската мутација на корона вирусот се случила брзо и дека е потребно потврда и од референтна институција, поточно од МАНУ.

Д-р Беќаровски вели има место за паника и реално е да се очекува пораст на бројот на заболени.

Во клиничката слика се две работи. Многу поретко се појавува губиток на мирисот, а има необично црвенило на јазикот со појава на израслини. Тоа е разликата во однос на онаа позната клиничка слика на корона вирусот – вели доктор Беќаровски.

Тој истакнува дека Индија во моментов има најголема вакцинална програма со два типа вакцина, а во Македонија се уште не сме почнале со вакцинација.

Ние мора да почнеме уште денеска со вакцинација. Ако чекаме и се потпреме на природен пат, ќе имаме луѓе со сериозни компликации од прележана болест. Луѓе кои ја прележале и денес одат по болници со последици. Кај нас младината е екстремно гојазна и не се спортисти и кај нив може да ни се случи епидемија на дијабетес – вели д-р Беќаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.