Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фејсбук-профил ги повика кандидатите за градоначалници, парите наменети за изборни кампањи да ги пренаменат за брзи тестови за ковид-19 во училиштата.

Почитувани кандидати за градоначалник на Скопје, зависни, смешно независни, зелени, камикази …Парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, пренаменете ги за брзи тестови за ковид-19 во скопските училишта. Само така може да ме предомислите на 17-ти октомври да не „правам ајвар”, напиша Беќаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.