Откако денеска во Собранието, пратениците на владејачката коалиција, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ и покрај тоа што се заразени од ковид-19 дојдоа во Собранието за да гласаат облечени во скафандер, реагираше и доктор Нико Беќаровски.

Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.

Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.

Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, напиша доктрот на својот профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.