Доктор Нико Беќаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма уште еднаш апелираше колку е важно да се почитуваат трите основни мерки за заштита: носење маска, држење дистанца и редовно миење раце.

Има луѓе кои бројките на смртност ги споредуваат со општата смрност меѓу. Ние требаше да објасниме зошто општата смртност не е зголемена или само малку е зголемеа. Ние бевме во карантин три месеци каде сообраќајките се намалија за 70 посто. Обичниот грип го запреваме уште во март, и немаме компликации од грип. Ако почнеме денеска да се однесуваме одговорно, Нова Година можеме да ја дочекаме на плоштад. Со 60 дена строго придржување до постоечките мерки ќе го ставиме под контрола вирусот, рече Беќаровски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.