Во Македонија има околу 220.000 ученици во основното и средното образование, од кои повеќе од 20.000 официјално го прележале вирусот, а сигурно уште 2-3 пати повеќе асимптоматски го прележале. Ајде сите овие наши 220.000 деца да ги истестираме пред почетокот на новата учебна година за присуство на антитела кон SarsCov-2, стои во предлогот на д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

Според него, целата операција би чинела 2 милиони евра, а би добиле јасен показател колку ќе биде безбедна наставата со физичко присуство, а индиректно и јасен параметар колку сме блиску, или далеку, од создавање на колективен имунитет.

Во октомври ќе се одржат локални избори и политичките партии ќе потрошат десетици милиони евра за рекламирање на своите кандидати, иако сум длабоко убеден дека ниту еден граѓанин не ја сменил својата одлука за кого ќе гласа, врз основа на ова рекламирање. ПОЧИТУВАНИ раководства на политичките партии, ајде сите договорете се заедно и бесцелно потрошените пари за глупи реклами, пренасочете ги за тестирање и за други хумани и еколошки цели, нагласува Беќаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.