Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија сподели научна студија дека речиси 90 отсто новозаразени во Велика Британија од индискиот сој не биле имунизирани, по што ги повика граѓаните да се имунизираат.

88 отсто од новозаразените во Британија од индискиот Делта сој, не се вакцинирани. 99 отсто од моментално хоспитализираните во Британија не се вакцинирани. (AstraZeneca & Pfizer) 84 отсто од новозаразените со индискиот Делта сој, во Сејшели и Емиратите не се вакцинирани (Sinovac&Sinopharm)

Ризикот за смрт во првите шест постковид месеци е 7 пати поголем, за развој на хронични белодробни болести 27 пати, мозочен и срцев удар 8 пати, дијабет 4 пати, напиша докторот на Фејсбук.

Во Македонија во моментов 180 илјади пријавени граѓани чекаат вакцина. Останатите или сè уште не се пријавиле, знаејќи дека нема вакцини, или завршиле со имунизацијата во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.