Скандалозни се сознанијата што ги добивме за поранешниот градоначалник Ацо Велковски од СДСМ, вели новиот избраник, младиот Бошко Цветковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во разговорот со „Фокус“, откривајќи нови детали за владеењето на неговиот претходник.

По четири години на функција, Велковски чие име често се сретнуваше во јавноста поради обвинувања за мобинг од вработени жени, поради обвинувања дека поголемиот дел од времето го минувал во Германија наместо на работа, но и поради општинската наградна игра каде неговата ќерка ја доби наградата шпорет (за кој изјави дека ќе биде дониран), тој повеќе не е градоначалник, а Цветковски за „Фокус“ раскажува за мотивите да извојува победа над Велковски, но открива и сознанија кои бара да бидат детално истражени од надлежните органи.

Жителите на Општина Лозово знаат добро со какви притисоци се соочуваа изминатите четири години. Мобингот за кој некои од нив сведочеа и пред камери беше на очиглед на целата јавност. Една од жените која беше жртва на мобинг е и мојата мајка. За време на владеењето на Велковски, овде важеше паролата – Или си со мене, или си против мене. Токму сите тие случувања, таа партиска поделба која стана секојдневие во општината, беше еден од мотивите да се изборам за промени, да ставам крај на таквото владеење, и да го обединам нашиот народ, вели Цветковски, кој е дипломиран правник и зад себе има две факултетски дипломи.

Цветковски открива дека во периодот од 2017/2018 година, Велковски чие семејство престојуваше во Германија, во градот Нирнберг, а тој беше често таму, бил барател на социјална помош од германските служби.

Повеќе на „Фокус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.