Засрами се, му порача поранешната министерка за култура на актуелниот министер за надворешни работи, откако тој на „Твитер“ ја сподели Универзалната декларација за човековите права, по повод Светскиот ден посветен на човековите права.

Според Ганка Цветанова, Никола Димитров заборави на основните човекови права на Македонците.

Со исклучок на правото на самоопределување за нас Македонците, правото на еден народ да одлучи за својата судбина, да избере свој политички статус и да определи своја форма на економски, културен и социјален развој? Засрами се Димитров, му порача таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.