Употребата на поимот мултиетнички народ воопшто не е случајна. Станува збор за вовед во целосно обезличување и бришење на идентитетот на македонскиот народ, а поимот „мултиетнички народ“ е само навидум бениген инструмент за реализација на овој идеолошко-политички проект – напиша Ганка Цветанова на Твитер, осврнувајќи се на изјавата на премиерот во заминување дека мулитетничкиот народ во Македонија е составен од Срби, Албанци, Бошњаци, Турци и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.