Професорката Ганка Цветанова и изрази поддршка на академик Катица Ќулафкова, која се соочи со кривична пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет поради коментар на твитер. Ќулафкова, која беше учесник во Шарената револуција но го критикува редефинирањето на македонскиот национален идентитет, се најде на удар на нејзините некогашни соборци поради коментар за вториот бран на корона вирусот, но според Цветанова, тоа е само изговор за да се направи обид да се замолкне академик Ќулафкова.

Порака до екс борците за слобода и вечните ловци на грантови: Ве здоболе тоа што Ќулавкова ви ги критикува предавствата, неправдата и хибридниот режим. Што го брани јазикот и се што е македонско. Вашите стрели не се толку отровни колку што е голема нашата љубов за Македонија, напиша на Твитер, Цветанова.

Ќулафкова ги избриша своите профили на Твитер и Фејсбук откако се соочи со кривичната пријава. Во твитер коментарот поради кој се најде на удар, Ќулафкова го осуди кршењето на мерките за спречување на вирусот корона за време на месецот Рамазан, кои во голема мерка го предизвикаа актуелниот втор бран на епидемијата.

„Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, напиша Ќулафкова.

На денешната прес конференција, директорот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски и директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери потврдија дека новиот бран на болеста Ковид-19 во најголема мерка се должи на кршењето на одредбите за дистанцирање за време на рамазанските ифтари.
Поради овој коментар, Ќулафкова се соочи со кривична пријава поднесена од левичарската организација Хелсиншки комитет, која тврди дека академикот извршила говор на омраза.

Хелсиншки комитет честопати поднесува вакви пријави за широко дефинираното дело „говор на омраза“ против критичари на режимот на Зоран Заев, што води до нивно испрашување во полициски станици и делува застрашувачки.

Ќулафкова е водечки експерт од областа на македонската книжевност и поетеса, а нападите врз неа доаѓаат во време кога македонистите се под сериозен притисок од страна на Заев и Бугарија, да ја одобрат новата рунда отстапки која бугарските власти ја бараат од Македонија.

Заев неодамнa ја потврди веродостојноста на снимката во која се слуша како се фали дека невладиниот сектор, кој учествуваше во Шарената револуција и е финансиран од Џорџ Сорос, работи за него. Владата на Заев, воедно, драстично ги зголеми исплатите за НВО организациите во Македонија на над 12 милиони евра годишно со што им се оддолжи на дел од учесниците во протестите кои го донесоа на власт.

Откако неодамна, поради кризата со корона вирусот, Владата најави дека ќе скрати 525.000 евра од овој буџет за „невладиниот сектор“, група организации, меѓу кои и Хелсиншикиот комитет, остро се спротиставија. Владата набргу потоа најави дека ќе го зголеми буџетот за истите половина милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.