Техничкиот премиер Оливер Спасовски апелираше да се пријават сите случаи на прекршување на препораките од Владата за собири на поголема група на граѓани.

Јавната свест е на ниско ниво и затоа мерките се зајакнати, целосно се затворени кафаните, рестораните, моловите, кладилниците за да влијаеме на граѓаните да го сменат своето однесување, истакна Спасовски додавајќи дека „џабе е ако институцците преземаат мерки, а ние сме неодговрни и доведеме до поголено ширење на вирусот“.

Но, власта остана глува на Демократската партија на Албанците, која и покрај препораките пред неколку дена одржа конгрес со неколку стотици делегати во затворена сала во Тетово.

Бидејќи досега никој не реагираше на ова групо прекршување на препораките, поранешната министерка за култура Ганка Цветанова му порача на Спасовски дека ова е случајот каде навистина треба да се реагира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.