Во денешното обраќање до македонската нација, претседателот Стево Пендаровски повика на обединување на Македонија. На ова, професорката Ганка Цветанова му порача, дека за да почнеме со обединување, потребно е да се направат неколку клучни работи:

Прво ќе си понесете одговорност за потпишување на Преспанскиот договор, па за организирање на Референдум со манипулативно прашање, за непочитување на волјата на граѓаните искажана на Референдумот, за промена на Уставот и името Република Македонија. Потоа ќе си го поништите Преспанскиот договор и ќе си го вратите името! Откако ќе завршите со сето ова, е тогаш можеме да почнеме да се обединуваме, порача Цветанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.