Пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта и тоа едното кај с.Разловци, а другото кај с.Нов Истевник, информираат од Центарот за утправување со кризи, додавајќи дека се превземаат активности за надминување на состојбата.

Според известувањето од ТППЕ Берово, сите пожари на беровска територијата се локализирани и ставени под контрола. Во текот на денот ќе се догасува на ризичните места.

БППЗ на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, од 15:30 часот интервенираат на гасење на мешана шума во с.Раовиќ (опш.Сарај).

БППЗ на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенираат на запалена дабова шума во с.Дивље и м.в.Крушје (опш.Петровец). Овој пожар беше и кај с.Џидимирци (опш.Велес), каде е локализиран.

Во општина Прилеп, пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12 лица, ДЗС Прилеп и Битола 13 лица, АРМ 20 припадници, Шумско Прилеп 6 лица и месно население 1 човек.
Од утринските часови на терен се ТППЕ Прилеп со 10 пожарникар со 2 ПП возила.

Пожар во атар на с.Жељувино и с.Дренок (опш.Старо Нагоричане). Интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане со 4 пожарникари со теренско возило со цистерна, ТППЕ Куманово со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ШС Куманово со 4 лица и 5-6 лица од месно население. Во моментов на местото нема оган и пламен, само има дим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.