Професорот Љубомир Цуцуловски на социјалните мрежи ја коментираше изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека нема ништо против шеф на Специјално јавно обвинителство да биде странец.

„ИМПОРТ – ЕКСПОРТ. Интересна е вчерашната изјава на Стево Пендаровски за ангажирање на странци во работата на некои државни институции, како што е функцијата прв човек на СЈО. Следејќи ја оваа насока, зошто не би можело, принципиелно говорејќи (како што убаво се изрази Пендаровски) меѓу првите примери да биде функцијата Претседател на Државата, особено ако се има предвид дека личниот пример секогаш е најснажниот пример. Во спротивно, сѐ останува само на гол збор. Откако ќе сеувезе странец претседател (принципиелно, може да биде и премиер) би можело, според примерот на Обединетото Кралство (лулката на парламентарната демократија) да се суспендира Парламентот и без било какви ‘непотребни’ процедури да се донесат сите потребни закони, акти, договори и сл. Потоа, Собранието би можело повторно да се актвира. Меѓутоа и не мора, бидејќи во парламентите премногу се парлара/зборува, па тоа само им ја усложнува работата на властите. Само на тој начин, ми се чини, котвата ќе повлече напред, што ќе рече надолу. За ова, исто така, би можеле да размислат и советниците на Пендаровски, бидејќи за тоа се платени“, реагира Цуцуловски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.