Поранешниот претседател Бранко Црвенковски не гледа алтернатива ни на Исток, ниту на Далечниот исток. „

Дали имаме сопствен капацитет, политичка волја и јасна визија да се одржиме и да се развиваме како самостојна држава и без членство во ЕУ“, прашува Црвенковски, оценувајќи дека ако сметаме дека „НАТО ќе не брани, а ЕУ ќе не храни, ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме“. 

Во однос на економската состојба во државата тој оценува дека нештата се полоши од пред 10 или 20 години. Раст, според него може да се лоцира само во буџетот, кој секоја година расте, како и во бројката на вработени во администрацијата. Правејќи споредба, тој рече дека од 173.469 вработени во администрацијата, сега бројката достигна до 197.530 лица, што значи 24 илјади нови вработени во јавниот сектор во последните неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.