„Дали ќе се самораспуштиме или самоукинеме ако ЕУ одлучи да го прекине проширувањето?“,

Ова го праша поранешниот претседател Бранко Црвенковски на денешната дебата во МАНУ.

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски денеска повика на создавање на национална платформа за широк општествен консензус додека не се решат сите стратешки цели на државата. На свечениот собир на МАНУ за јубилејот од формирањето на современата македонска држава, тој ја повика Академијата, Универзитетот Кирил и Методиј, Стопанската комора и претседателот Стево Пендаровски  да покренат таква иницијатива, да ги подготват документите и да им ги понудат на партиите.

„Откако ќе се потпишат, тие ќе се обврзат на нивно исполнување и почитување, вели Црвенковски, кој не е сигурен дали и колку од партиите ќе ја прифатат ваквата идеја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.