За постигнување на нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ и за обезбедување сигурна и просперитетна иднина на државата и ако членството во ЕУ не е можно, потребна е Платформа која треба да биде подготвена од водечките научни, образовни и стопански институции во државата, порача поранешниот претседател Бранко Црвенковски во обраќањето на Научниот собир во МАНУ „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година“ по повод 30 години независност.

Ја користам оваа прилика да апелирам до МАНУ, до Универзитетот, до Стопанската комора, до Вас Претседателе Пендаровски, како натпартиска и обединувачка институција – покренете таква иницијатива! Откако ќе се заокружи документот треба да им се понуди на политичките партии кои доколку го прифатат ќе стане задолжителен за нив во нивното делување. Каков ќе биде нивниот одговор јас не знам. Но знам дека вреди да се обидеме и дека такво нешто и е потребно на Македонија. Има една реченица која многу често ја слушам во последно време и која многу тешко ми паѓа. А тоа е: „не нé бива ниту ќе нé биде како држава“. Уште повеќе ме погодува затоа што знам дека нé бива и дека можеме. Клучно прашање е дали сакаме. Ако искрено, ама навистина искрено сакаме и целосно се вложиме за остварување на таа цел, тогаш и ќе нé биде. Крајно време е тоа и да го направиме, рече Црвенковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.