Мнозинство од граѓаните сметаат дека постои договор меѓу премиерот Зоран Заев и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, кој во петокот беше осуден на вкупна 12-годишна затворска казна, но и повеќе од половината сметаат дека тој нема да ја издржи целосната казна, покажуваа анкетата којашто ја спровел Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА.

Во истражувањето спроведено во периодот од 26 до 28 февруари на 929 испитаници со водење сметка за демографската структура и етничката припадност во сите шест изборни единици, се открива дека граѓаните имаат изграден став за неодамнешното дводневно исчезнување на поранешниот шеф на тајната полиција пред изрекувањето на пресудата во случајот „Таргет Тврдина“.

Така, дури 63,4 отсто од испитаниците одговориле дека циркусот всушност е „цврст договор“ меѓу Заев и Мијалков, додека дека „нема договор“ се убедени 31,5 отсто. Само 3,7 отсто од испитаниците одбиле да одговорат и 1,4 проценти немале одговор.

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е одговорен за бегството на Заев сметаат 49,3 отсто, додека вината за Јавното обвинителството за организиран криминал ја припишуваат 30,4 отсто, за 15 отсто виновно е судството, а за 4 проценти од испитаниците нема виновни во овој случај.

Над половината, или 51,3 отсто од испитаниците сметаат дека Мијалков нема да ја одлежи целосно затворската казна, а 31,4 отсто од нив сметаат дека во првостепената судска постапка осудениот поранешен шеф на УБК ќе ги „одлежи“ сите 12 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.