Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на премиерот Зоран Заев на изгласаните уставни измени, соопштија од неговиот кабинет.

Како што јавуваат грчките медиуми, во честитката Ципрас напишал дека со договорот „се расчистува патот на ФИРОМ кон НАТО, а возможно и кон Европската Унија“. Сите присутни 81 пратеници гласаа за уставните амандмани. Останатите 29 опозициски пратеници беа отсатни, пишува Катимерини.

Атина и Скопје постигнаа договор според кој ФИРОМ ќе биде преименуван во ,,Република Северна Македонија”, а името ќе се користи откако Парламентот во Атина ќе го ратификува Договорот, пишуваат грчките медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.