Поранешниот грчки премиер и актуелен лидер на СИРИЗА, Алаксис Ципрас, на 1 октомври доаѓа во Скопје на конференцијата за Западен Балкан што ја организира „Економист“.

Самитот, со наслов „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ на чии панел-дискусии, меѓу другите, ќе дебатираат Алексис Ципрас, поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, поранешниот помошник државен секретар на САД Вес Мичел, заменик-претседателот на ЕП и европратеник од СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Конференцијата официјално ќе биде отворена со обраќањето на премиерот Заев на темата „Стабилност и развој во Југоисточна Европа, дали сме на правилниот пат?“. На посебна панел-дискусија за време на самитот, Заев, Ципрас и Шулц ќе дебатираат на темата „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.